Поликлиника Мартини - Се што му е потребно на Вашето здравје, на едно место!

  • Јавете се на

    034 335 020; 071 296 515
  • Ул. Атанас Јанев 5

    2400 Струмица
  • Пон - Пет

    08:00 до 20:00

Број еден причина за нарушување на женското здравје, според Светска здравствена организација (WHO), е карциномот.

Најчести карциноми кои се јавуваат кај жените се карцином на дојка и карцином на грло на матка. Раното откривање на овие два карциноми претставува клуч за одржување на женското здравје. Превентивната медицина е насочена кон рано откривање на вакви карциноми со помош на редовни контроли и превентивни тестовикако и кон промени во начин на живот.

Превенција на карцином на дојка

Жени кои немаат ризик од карцином на дојка со промена на начин на живот драстично го намалуваат ризикот од карцином на дојка. Битно е да се одржува здрава телесна тежина, да се внимава на начинот на исхрана, да се биде физички активен и да се прават рутински прегледи.

  • Бидете физички активни: редовната физичка активност драстично го намалува ризикот од карцином на дојка
  • Избегнувајте алкохол: алкохолот го зголемува ризикот од карцином на дојка. Доколку пиете алкохол лимитирајте го на еден пијалок дневно.
  • Здрава телесна тежина: зголемена телесна тежина е поврзана со ризик од карцином на дојка на повозрасни години.
  • Балансирана и здрава исхрана: науката покажува дека балансирана исхрана значително го намалува ризикот од карцином на дојка и други болести. Медитеранската исхрана која се состои од претежно растителни производи и масти од растително потекло е поврзана со намален ризик од карцином на дојка.
  • Рутински контроли: подразбираат редовен самопреглед на гради (вашиот лекар ќе ви ги даде потребните инструкции за прегледот), редовни ултразвучни контроли на гради и мамографија.

 

Жени кои имаат ризик од карцином на дојка ( имаат фамилијарна историја на карцином на дојка, позната генетска мутација и др.) потребно е:

  • Генетско советување и тестирање: потребно е да се направи тест за мутации на гените BRCA 1 и BRCA 2 кои го зголемуваат ризикот од појава на карцином на дојка.
  • Почести контроли: ултразвучни контроли на 6-12 месеци и рано започнување со мамографија.
  • Лекарства кои го намалуваат ризикот од карцином на дојка: лекарства кои ќе го намалат влијанието на хормоните врз развој на карциномот.
  • Превентивна хирургија: кај жени со многу висок ризик се препорачува и превентивна операција на гради.

 

Превенција на карцином на грло на матка

Карцином на грло на матка се спречува преку редовни гинеколошки контроли каде се прават прегледи и тестови за да се пронајдат пре-канцерозни промени на грлото на матката и да се третираат навремено. Добар начин за заштита претставува и ХПВ вакцината.

Тестови и прегледи кои се користат за спречување на карцоном на грло на матка се:

  • ПАП тест – претставува тест преку кој се откриваат рани промени на клетките на грлото на матка кои може да преминат во карцином. Се состои од земање на клетки од грлото на матка. Обично се прави во тек нарутински гинеколошки преглед. ПАП тестот може да се комбинира со ХПВ типизација.
  • Колпоскопија – процедура преку која со неколкукратно зголемување на колпоскоп (камера) се набљудува грлото на матка, вагина и вулва за промени кои би биле сомнителни за пре-канцерозни промени. Обично се прави доколку вашиот ПАП тест покажува сомнителен наод. Доколку се појават сомнителни зони при набљудувањето, се зема парче од тоа место преку биопсија и се испраќа на анализа.
  • ХПВ типизација – се земаат клетки од грлото и се анализираат за присуство на најчестите типови на ХПВ кои се поврзани со карцином на грло на матка. Има различни препораки за ХПВ типизација – идеално е доколку секоја жена од 25 до 65 годишна возраст направи ХПВ типизација еднаш на 5 години.

Дополнителни постапки преку кои мооже да се спречи карцином на грло на матка се:

  • Практикување на безбедни сексуални односи преку користење кондоми
  • Здрав начин на живот
  • Здрава исхрана
  • Прекин на пушење! – се смета дека никотинот од цигарите ја оштетува ДНК на клетките од грло на матка и ги прават подложни кон развој на пре-канцерозни промени.