Поликлиника Мартини - Се што му е потребно на Вашето здравје, на едно место!

  • Јавете се на

    034 335 020; 071 296 515
  • Ул. Атанас Јанев 5

    2400 Струмица
  • Пон - Пет

    08:00 до 20:00

Центарот за нега на рани на пациентите им овозможува професионален третман на хронични рани од декубитуси, изгореници и дијабетично стапало со специјални хидрофибер покривки и хидроколоидни лепенки.
Третманот го извршуваат високостручни медицински сестри и лекар кој е во постојана соработка со дерматовенеролог и хирург се со цел да им се даде најдобра можна услуга на пациентите.

Третманот е достапен во амбулантски и во домашни услови.

Во центарот се вршат следниве услуги:

  • Постоперативни рани, декубити, венски или артериски улкуси, отворени рани во склоп на дијабетско стапало;
  • Третман на сите видови акутни и хронични рани со хидрофибер гази и хидроколоидни лепенки од програмата на Convatec;
  • Третман на рани после царски рез и после хируршки операции;
  • Земање мерки за профилактични, компресивни и антиемболиски чорапи за пациенти со нарушена венска циркулација и обука за нивно користење;
  • Земање мерки на појаси за пациенти со кила на абдоминалниот ѕид, како и постоперативно за превенција на појава на кила на оперативната рана, хируршки градници и стабилизатори за импланти по вградување на градни импланти, компресивни мидери за жени, компресивни костими, елеци, стегачи за уши, маски за лице и др;
  • Земање мерки за сите видови стегачи, бандажери, имобилизатори за превентивна или постоперативна примена за сите зглобови, вратот и торзото.

Користиме најсовремена технологија во третманот на рани, а клучни фактори кои ги издвојуваме за ефикасноста се типот на газите кои ги користиме и нормално вештините кои ги употребуваме.