Поликлиника Мартини - Се што му е потребно на Вашето здравје, на едно место!

  • Јавете се на

    034 335 020; 071 296 515
  • Ул. Атанас Јанев 5

    2400 Струмица
  • Пон - Пет

    08:00 до 20:00

Третман на ерозија односно рана на грло на матка со радио-бранови

Ерозија на грло на матка ( популарно познато како рана на грло на матка, med. Ectropia cervix ) Ерозија на грло на матка е честа состојба и не е поврзана со карцином на грло на матка. Цервикалната ерозија настанува кога клетките од цервикалниот канал преминуваат на надворешната страна на грлото на матката.  Овие клетки се

Oтстранување кондиломи со метод на радио-бранови користејќи го апаратот Proxima

Отстранување на кондиломи со метод на радио-бранови е ефикасно, брзо и комфорно. За отстранување на кондиломи со радио-бранови доволна е една посета на лекар. Кондиломи –  се вирусни и заразни брадавици кои се појавуваат на гениталиите и по телото кај мажи и жени а се предизвикани од ХПВ вирус. Најчесто кондиломите се јавуваат во предел

Спермограм – Анализа на семена течност

Што претставува анализа на семена течност – спермограм? Спермограмот претставува анализа на здравјето и вијабилноста на сперматозоидите на мажот. Семена течност се состои од сперматозоиди и останати елементи кои се ослободуваат при ејакулација. Со спермограмот се анализираат три главни елементи на семената течност: – Број на сперматозоиди – Морфологија или форма на сперматозоиди – Подвижност

Д-димери и бременост

1. Што се Д-димери? Д-димери претставуваат маркер за зголемена коагулација на крвта и како таков маркер ни покажуваат дали има ризик за развој на длабока венска тромбоза и ризик од пулмонална емболија. 2. Д-димери и бременост Бременоста е природна прокоагулантна состојба, затоа Д-димерите природно се зголемуваат и имаат повисоки вредности. Зголемување на коагулантноста на крвта

3Д/4Д ултразвук во бременост

Што е ултразвук? Ултразвукот во бременост го користи одбивањето на високо фрекфентен ултразвучен бран за да се направи слика на екранот во 2Д, 3Д и 4Д. Ултразвучните бранови кои се испуштаат од сондата доаѓаат во допир со ткиво, течност во телото или коска. При допир со нив, брановите се одбиваат и се враќаат во сондата

Дали инфекција со Covid-19 во тек на бременост им штети на бебињата?

Бременоста е возбудлив и стресен период во исто време. Трудниците имаат секогаш многу прашања. Често прашање е дали одредена болест кај мајката во бременост може да им наштети на бебињата. Мајката секогаш треба да го извести својот лекар доколку има симптоми на покачена температура и треска, бидејќи некои вируси може да им наштетат на бебињата.

Што треба да знаат бремените жени за Covid-19 вакцинација во бременост и доење?

Бремените жени ќе мора да одлучат дали ќе примат Covid-19 вакцина во бременост или ќе ризикуваат да се заразат. Бремени жени со Covid-19 симптоми имаат поголем ризик за појава на поизразени симптоми и прием во единица за интензивно лекување и механичка вентилација. Се смета дека Messenger RNA (mRNA) вакцините се безбедни во бременост. Вакцините за

Движења на бебињата во стомакот на мајката – Важно е да се внимава на феталните движења

Првите движења на бебето ќе ги почувствувате околу 18. до 20. недела. Мајка со прва бременост можеби нема веднаш да знае за што се работи. Додека мајка со втора бременост движењата ќе ги осети уште во 16. недела. Доколку ги немате почувствувано движењата на бебето до 24. недела потребно е да посетите лекар и да

Физичка активност во бременост – Вежбање во бременост – Вежбање во прв, втор и трет триместар

Вежбање во прв триместар Првиот триместар е период кога вашето тело се адаптира на бременоста. Физолошките промени на вашето тело се главно хормонски кои предизвикуваат емоционални промени а покасно и физички. Најголемиот дел од трудниците во оваа фаза имаат гадење и слабост. Доколку немате вежбано пред бременост ова не е идеален период да започнете. Најдобра

Септум на утерус (преграда на утерус)

Септум на утерус (матка) е најчеста малформација на утерус која настанува за време на феталниот развој. Преградата (септум) го дели утерусот на два дела, надолжно. Жени со септум на утерус имаат зголемен ризик од спонтани абортуси. Новите сознанија укажуваат на неадекватна циркулација и неадвактна мускулна активност на матката како причина за спонтани абортуси. Септум на