Поликлиника Мартини - Се што му е потребно на Вашето здравје, на едно место!

  • Јавете се на

    034 335 020; 071 296 515
  • Ул. Атанас Јанев 5

    2400 Струмица
  • Пон - Пет

    08:00 до 20:00
  • Бремените жени ќе мора да одлучат дали ќе примат Covid-19 вакцина во бременост или ќе ризикуваат да се заразат.
  • Бремени жени со Covid-19 симптоми имаат поголем ризик за појава на поизразени симптоми и прием во единица за интензивно лекување и механичка вентилација.
  • Се смета дека Messenger RNA (mRNA) вакцините се безбедни во бременост.

Вакцините за Covid-19 не се доволно проучени во бременост во клиничките студии, затоа имаме малку податоци со кои располагаме.

Последната студија објавена во Американското списание по Гинекологија и Акушерство од Март 2021 г., изработена на мал број пациенти покажува дека вакцините во бременост и доење се безбедни!

 

Што треба да знаат бремените жени за Covid-19 вакцините?

Испитувањето кај трудници е вршено со mRNA вакцина ( BNT162b2 Pfizer/BioNTech or mRNA-1273 Moderna/NIH).

Овие вакцини бргу се деградираат во телото. Тие не се живи вваккцини, и не влегуваат во јадрото на клетката и не предизвикуваат промени на ДНК.

Според податоците, вакцината не може да дојде до постелката и да ја помине постелката за да дојде до бебињата.

Некои трудници кои ја примиле вакцината пријавиле лесни симптоми на малаксаност и мало покачување на телесна температура. Ова значи дека имуниот систем реагира добро и не е знак за некои сериозни компликации.

Бремените жени кои имаат симптоми на малаксаност и покачена температура, после примена вакцина може да земат Парацетамол додека симптомите не се повлечат. Симптомите обично траат неколку дена.

ACOG (American College of Obstetricians and Gynecologists) излезе со став дека mRNA вакцините не треба да се забрануваат кај бремени и жени кои дојат. Нема докази дека вакцината предизвикува инфертилитет, спонтани абортуси, проблеми кај новородените деца или проблеми кај трудници.

 

Одлуката е индивидуална! Последната студија носи позитивни податоци за трудници кои размислуваат за вакцинација.

Секоја бремена жена ќе мора сама да одлучи дали да се вакцинира водејќи се според податоците за број на заболени во својот град и средина.

Моментално, немаме податоци за користење на другите вакцини во бременост.

Секоја бремена жена треба да направи консултација со својот лекар околу примањето на mRNA вакцина.