Поликлиника Мартини - Се што му е потребно на Вашето здравје, на едно место!

  • Јавете се на

    034 335 020; 071 296 515
  • Ул. Атанас Јанев 5

    2400 Струмица
  • Пон - Пет

    08:00 до 20:00

На врвот на листата на препораки за заштита од вирусот е честото и правилно миење на рацете. Мијте ги рацете темелно, со сапун и вода. Дезинфицирајте ги со средство на база на алкохол.

Избегнувајте да си го допирате лицето, односно очите, носот и устата.

Ако кашлате или кивате, покријте ги носот и устата со својот претходно свиткан лакт или со хартиено шамивче кое веднаш потоа ќе го фрлите во затворена канта за отпадоци.

Бидејќи не е докажано дека маските за лице можат ефикасно да ве заштитат од вирусни инфекции, носете маска само ако сте болни или ако знаете дека сте во присуство/комуницирате со друго болно лице. Сепак, иако маската не штити од вируси, можно е да ве спречи директно да си ги допирате често носот и устата, нешто што веројатно го правите често- а несвесно. А ако веќе сте болни, таквите маски може да спречат да не заразувате други.

Перете ја својата облека редовно а обувките не ги внесувајте дома.

Избегнувајте близок контакт со секој кој има треска и кашлица.  Ако треба да имате контакт со болни луѓе, погрижете се да преземете дополнителни заштитни мерки.

Ако имате треска, кашлица и отежнато дишење, побарајте лекарска помош навреме. Избегнувајте јавни места за да не ги инфицирате другите. Објаснете му на вашиот лекар каде претходно сте биле, со кого сте контактирале.

Доколку имате или се сомневате дека имате симптоми на корона – вирусот,  јавете во центрите за јавно здравство во вашите општини.