Поликлиника Мартини - Се што му е потребно на Вашето здравје, на едно место!

  • Јавете се на

    034 335 020; 071 296 515
  • Ул. Атанас Јанев 5

    2400 Струмица
  • Пон - Пет

    08:00 до 20:00

LLETZ/LOOP (large loop excision of transformation zoneисекување на трансформациона зона) представува исекување на површинскиот слој на грлото на матката поради настанати промени. Индикација за LLETZ/LOOP интервенција се поставува после добивање на сомнителен резултат од ПАП тест, колпоскопија или поради субјективни симптоми (зголемен секрет кој не реагира на терапија, крварење после сексуални односи…)

Интервенцијата се прави така што со тенка жица се отсекува површинскиот дел на грлото на матката каде се наоѓа трансформационата зона која е најподложна на промени. Со оваа интервенција променетиот дел на грлото на матката се отсекува брзо и прецизно со минимално крварење.

Делот кој се отсекува се испраќа на хистопатолошка анализа. Интервенцијата трае 5-10 минути и се прави со каткотрајна интравенска анестезија или со локална.

После интервенцијата може да продолжите со нормални секојдневни активности. Неколку дена после интервенцијата може да имате оскудно крварење.

LLETZ/LOOP претставува минимално инвазивна интервенција за промени на грлото на матката, брза е и ефикасна. Има многу низок процент на компликации и последици по бременост за разлика од поинвазивните техники како конизација.