Отстранување на кондиломи со метод на радио-бранови е ефикасно, брзо и комфорно. За отстранување на кондиломи со радио-бранови доволна е една посета на лекар.
Кондиломи – се вирусни и заразни брадавици кои се појавуваат на гениталиите и по телото кај мажи и жени а се предизвикани од ХПВ вирус.
Најчесто кондиломите се јавуваат во предел на гениталии и околу препоните. Во почеток вирусната инфекција се манифестира како точкасто црвенило, покасно се појавуваат промени над ниво на кожа со различен изглед.
Причини за појава на кондиломи се ХПВ вирусите ( ги има повеќе од 120 типови)– најчести типови се 6, 11, 16, 18, 31, 33 и 35.
ХПВ вирусите се пренесуваат по сексуален пат и затоа кондиломите на гениталиите и по телото треба да се отстранат навремено бидејќи е можно нивно ширење.
Отстранување на кондиломите е единствен начин да се спречи нивното ширење и пренесување со полов контакт. Затоа се препорачува нивно отстранување штом се забележат.
Постојат неколку методи за отстранување на кондиломи:
Отстранувањето со радио-бранови е најефикасен метод со висок процент на излекување – 97%. Затоа во поликлиника Мартини се користи оваа метода за отстранување на кондиломи.
Отстранување на кондиломи со радио—бранови претставува:
Поликлиника Мартини го користи Proxima апаратот на радио-бранови бидејки: