Поликлиника Мартини - Се што му е потребно на Вашето здравје, на едно место!

  • Јавете се на

    034 335 020; 071 296 515
  • Ул. Атанас Јанев 5

    2400 Струмица
  • Пон - Пет

    08:00 до 20:00

Ерозија на грло на матка ( популарно познато како рана на грло на матка, med. Ectropia cervix )

Ерозија на грло на матка е честа состојба и не е поврзана со карцином на грло на матка.

Цервикалната ерозија настанува кога клетките од цервикалниот канал преминуваат на надворешната страна на грлото на матката.  Овие клетки се жлездени и црвени и целото грло на матката изгледа црвено.

Најчесто ерозијата на грлото на матката е вродено, но може да биде предизвикано од хормонски промени. Тоа значи дека ерозија на грло на матка е почеста кај:

  • Помлади пациентки
  • Трудници
  • Пациенти кои користат контрацептивна терапија

 

Симптоми на ерозија на грло на матка се:

  • Неправилно крварење во средина на циклус
  • Неправилно крварење после односи
  • Неправилно крварење после гинеколошки преглед
  • Зголемен вагинален секрет со чести вагинални инфекции

Дијагноза за ерозија (рана ) на грло на матка се поставува во тек на гинеколошки преглед и со помош на колпоскоп.

Третман на ерозија односно ранана грло на матка

Постојат повеќе начини за третман на ерозија на грло на матка, како криотерапија, ласер коагулација, хемиски третман и третман со радио-браноови.

Третманот со радио-бранови е најефективен и најбезбеден третман за ерозија на грло на матка кој не предизвикува никакви лузни и последици. Ова е уникатна и безконтактна метода која предизвикува евапорација на клетките под дејство на високо фрекфентни радио бранови.

Мартини поликлиника ја користи ова современа метода со радио бранови бидејќи е ефикасна, безбедна, безболна и без ризик за оштетување на грло на матката и без ризик за идна бременост.

После третман со радио-бранови ткивото заздравува брзо и ефикасно без лузни и деформитети.

Третман на ерозија на грло на матка се изведува после менструација. Интервенцијата е без хоспитализација и трае околу 15 мин. Се изведува на гиеколошки стол во амбуланта со локална анестезија.