- Хормон заместителна терапија – најчесто се дава комбинирана терапија со естрогени и прогестерон. Користење само на естрогенска терапија е можна само доколку пациентката нема матка. Хормонската терапија ги контролира и смалува симптомите на менопауза како и има заштитен ефект на коските, крвните садови и срцето. Најчеста замерка на овој тип на терапија е ризикот од карцином на дојка. Сепак, модерните истражувања укажуваат на минимално зголемен ризик за карцином на дојка со многу поголем заштитен ефект на другите органи.
Овој тип на терапија е особено погоден за жени во рана менопауза.
- Фитоестрогени – супстанци кои се наоѓаат во растенија а се со слична структура како и естрогените. Кај жени во менопауза фитоестрогените се врзуваат за рецепторите и делуваат како естрогени. Имаат послб ефект и обично се даваат кај пациентки со минимални симптоми.