Поликлиника Мартини - Се што му е потребно на Вашето здравје, на едно место!

  • Јавете се на

    034 335 020; 071 296 515
  • Ул. Атанас Јанев 5

    2400 Струмица
  • Пон - Пет

    08:00 до 20:00

ВАЖНО!!

Самопрегледот без соодветни годишни лекарски контроли не е соодветен начин за дијагноза на карцином на дојка. Ова е докажано во голема студија и е потенцирано дека самопрегледот без лекарска контрола не ја намалува смртноста од оваа болест туку само води кон непотребна паника.

Самопрегледот се прави еднаш месечно, после менструација. Жени без менструација треба да изберат датум во месецот и тоа да го прават секој месец.

Самопрегледот се состои од:

Инспекција – пред огледало внимателно се гледа дали има некакви промени. Се внимава на изглед на кожа и брадавици, поместување на дојките при подигање на рацете. Кога се прегледува десна дојка, десната рака е поставена над глава а со левата рака во различни правци се прегледува дојката. Се внимава на промени на кожа или места кои се затегнати. Истото се повторува и на другата дојка.

Палпација – истатата положба како за инспекција се применува и за палпација, со мекиот дел од прстите се напипува дали има некакви промени – чвор. Прегледот може да се прави во седечка положба, може и на кревет а најдобро се изведува при туширање. Замислете дека дојката се дели на четири квадранти и секој дел внимателно напипајте го.

Лимфни јазли – за да ја проверите состојбата на лимфните јазли потребно е да ги напипате пазувите и вдлабнувањето над клучната коска. Се бараат чворови во овие делови кои покасно треба да ги покажете на вашиот лекар.

Техниката на самопреглед детално ќе ви ја објасни вашиот лекар.