Поликлиника Мартини - Се што му е потребно на Вашето здравје, на едно место!

  • Јавете се на

    034 335 020; 071 296 515
  • Ул. Атанас Јанев 5

    2400 Струмица
  • Пон - Пет

    08:00 до 20:00

Клинички преглед на дојки е дел од скринингот за болести на дојка заедно со ултразвучен преглед на дојки и/или мамографија. Со клинички преглед на дојки се поставува сомневање за промени на дојка – бенигни или малигни. После поставено сомневање се прави ултразвук на дојка и/или мамографија, доколку има потреба се прави и MRI, потоа се прави биопсија на промената или хируршки зафат за да се постави дефинитивна дијагноза.

Клинички преглед на дојка се прави во прва половина на циклус кога дојките са најмалку волуминозни и најлесно се детектираат промени. Прегледот се прави со врвовите на прстите од двете раце и се палпира дојката, пазувите и делот над клучна коска.

Овој преглед обично се прави при годишен гинеколошки преглед.