Поликлиника Мартини - Се што му е потребно на Вашето здравје, на едно место!

  • Јавете се на

    034 335 020; 071 296 515
  • Ул. Атанас Јанев 5

    2400 Струмица
  • Пон - Пет

    08:00 до 20:00

Дојката е составена од жлездено ткиво поделено во 15-20 лобуси, помеѓу кои се наоѓа сврзно и масно ткиво. Секој лобус е составен од помали лобулуси и истите се поврзани со канали (дуктуси) кои го носат млекото во тек на доење до брадавиците.

Во тек на животот ткивото на дојката се менува според нивото на хормони во телото – естрогени, прогестерон и пролактин.

Фиброаденоми се солидни (цврсти), бенигни чворови кои се јавуваат најчесто кај помлади жени. Не предизвикуваат тегоби и симптоми и обично се наод при преглед. Во најголем број на случаеви не е потребна терапија. Доколку нивната димензија е поголема од 2 см се дава препорака хируршки да се извадат.

Доколку при самопреглед откриете чвор обратете се кај вашиот лекар и направете ултразвук.