Поликлиника Мартини - Се што му е потребно на Вашето здравје, на едно место!

  • Јавете се на

    034 335 020; 071 296 515
  • Ул. Атанас Јанев 5

    2400 Струмица
  • Пон - Пет

    08:00 до 20:00

Менопауза е неизбежен дел од општото стареење на репродуктивните органи кај секоја жена. Главна карактеристика е губење на редовен менструален циклус. Најголемиот број на жени влегуваат во менопауза на околу 50 години. Рана менопауза означува губење на менструација пред 40 години.

Причини за рана менопауза може да бидат: генетска предиспозиција, хроничен стрес, траума, неадекватна исхрана, пушење… Денешниот начин на живот (стрес, неадекватна исхрана, алкохол, пушење) е причина за се поголем број на жени кои рано влегуваат во менопауза.

Менопауза настанува поради намалена функција на јајниците односно намалена продукција на хормони – естрогени и прогестерон. Поради оваа намалена продукција на хормони настанува губење на менструалниот циклус, промени на урогениталниот систем и промени на останати органи.

Неколку години пред самата менопауза жените влегуваат во период на перименопауза кога има осцилации во нивото на хормони и појава на симптоми – топли бранови, потење, скратени менструални циклуси, промени на расположение, раздразливост, умор, малаксаност и несоница. Симптом на менопауза може да биде и сувост на вагина и несакано истекување на урина.

Дијагноза за менопауза се поставува со гинеколошки преглед и ултразвук во комбинација со лабораториски испитувања – хормонски статус.