Поликлиника Мартини - Се што му е потребно на Вашето здравје, на едно место!

  • Јавете се на

    034 335 020; 071 296 515
  • Ул. Атанас Јанев 5

    2400 Струмица
  • Пон - Пет

    08:00 до 20:00

Терминот хормон заместителна терапија опфаќа хормони кои се даваат како замена за женските хормони кои престануваат да се лачат после менопауза.

Оваа терапија може да се користи локално или системски. Системска хормон заместителна терапија се применува после детален гинеколошки преглед и лабораториски анализи. Се дава во форма на таблети, фластер, гел, крем или спреј.

Индикации за ваква терапија се: топли бранови, потење, несоници, нервози, промени во расположение, вагинална сувост, болни односи.

Кај жени кои имаат матка терапијата содржи естрогени и прогестерони за да не дојде до задебелување на ендометриумот. Кај жени без матка може да се дадат и само естрогени.

Жени со фамилијарна анамнеза за карцином на дојка или самите имале карцином на женски генитални органи, кои имаат длабока венска тромбоза не треба да примаат хормон заместителна терапија.