Поликлиника Мартини - Се што му е потребно на Вашето здравје, на едно место!

  • Јавете се на

    034 335 020; 071 296 515
  • Ул. Атанас Јанев 5

    2400 Струмица
  • Пон - Пет

    08:00 до 20:00

Интимните односи во менопауза може да бидат непријатни поради намаленото ниво на естрогени хормони. Во менопауза исто може да дојде и до пад на либиидото што може да биде причина за проблеми во врската и оддалечување од партнерот.

Постојат соодветни терапии и решенија за да се намалат овие тегоби и да се врати уживањето во интимните односи.

Доколку имате проблем со вагинална сувост, што е чест проблем во менопауза треба да се избегнува туширање со обичен сапун и да се користат соодветни раствори за интимна нега. Потребно е при односи да користите соодветни лубриканти, на база на вода.

Доколку овие решенија не ви помогнат потребна ви е консултација со вашиот лекар за примена на соодветна хормонска терапија.

Либидото (желба за интимни односи) се намалува со тек на годините а во менопауза може да се влоши – поради стрес, депресија или симптоми на менопауза. При вакви проблеми разговарајте со вашиот лекар и разговарајте со психолог или психотерапевт. Редовната физичка активност ќе ви помогне да се намали уморот и да се зголеми енергијата.