Поликлиника Мартини - Се што му е потребно на Вашето здравје, на едно место!

  • Јавете се на

    034 335 020; 071 296 515
  • Ул. Атанас Јанев 5

    2400 Струмица
  • Пон - Пет

    08:00 до 20:00

Коските стално се менуваат – ново ткиво се создава а старото го снемува. На млада возраст оваа создавање е побрзо и максималната маса на коските е на возраст од 30 години. После оваа возраст моделирањето на коските продолжува но се губи повеќе коскена маса отколку што се создава. Остеопороза е состојба во која коските се слаби и крути.

Дали во менопауза ќе имате остеопороза зависи од тоа колкава коскена маса е створена до 30 годишна возраст и со која брзина се губи после тоа.

Сосотојбата на коските зависи од:

          Количината и потеклото на калциумот во исхраната

          Физичка активност

          Пушење цигари и алкохол

          Возраст

          Фамилијарна анамнеза

          Ниво на хормони

          Пореметување во исхраната

          Одредена терапија

Како да се намали ризикот од остеопороза?

1.       Внесувајте доволно калциум во исхраната – препорачана дневна доза на калциум е од 1000 – 1200 мг, во зависност од возраста. Добри извори на калциум се: бадеми, броколи, риба, производи од соја. Доколку не внесувате доволни количини со исхраната разговарајте со вашиот лекар за додатоци во исхрана.

2.       Внесувајте доволно Витамин Д – овој витамин е неопходен за апсорпција на калциум.

3.       Вежбајте!!! – секојдневно.

4.       Престанете да пушите и намалете внес на алкохол.

5.       Контролирајте го нивото на тиреоидни хормони.