Поликлиника Мартини - Се што му е потребно на Вашето здравје, на едно место!

  • Јавете се на

    034 335 020; 071 296 515
  • Ул. Атанас Јанев 5

    2400 Струмица
  • Пон - Пет

    08:00 до 20:00

30% од жените на возраст од 50-59 години не само што имаат зголемена телесна тежина туку се дебели. Зголемената телесна тежина го зголемува ризикот од проблеми со крвен притисок, болести на срце, пореметен метаболизам и дијабет.

Зголемување на телесна тежина во менопауза настанува поради:

  • Смалено ниво на естрогени – оваа намалено ниво на естрогени води кон лесно зголемување на тежината и тешко губење на тежината. Нискиот естроген хормон ја намалува можноста од искористување на шеќерот што води кон претварање во масти и нивно складирање во телото.
  • Намалена физичка активност
  • Губење на мускулна маса – со оваа губење на мускулна маса се намалува метаболизмот во мирување што води кон зголемување на тежината.

Како да се избегне зголемување на телесна тежина во менопауза?

  •  – Јадете здраво – започнете со исхрана од претежно растително потекло без газирани пијалоци, сокови и рафиниран шеќер.
  •  – Јадете мали оброци но вклучете 5 оброци на ден.
  •  – Зголемете ја физичката активност – бидете активни барем 30 минути во ден.
    •       Правете вежби со тежина – вежби со тегови, јога
    •       Аеробните вежби се битни – пливање, возење точак, пешачење….

    Доколку не сте вежбале до менопауза направете план и програма за вежбање и исхрана со вашиот лекар.