Поликлиника Мартини - Се што му е потребно на Вашето здравје, на едно место!

  • Јавете се на

    034 335 020; 071 296 515
  • Ул. Атанас Јанев 5

    2400 Струмица
  • Пон - Пет

    08:00 до 20:00

Во менопауза се зголемува ризикот од појава на одредени болести:

Кардиоваскуларни болести – естрогените хормони ги штитат жените од кардиоваскуларни болести, со пад на хормоните во менопауза оваа заштита престанува. Кардиоваскуларните болести се број еден причина за смрт во менопауза, затоа е потребно одредени промени во начин на живот – промена во начин на исхрана, зголемена физичка активност и регулирање на телесна тежина. Со вакви промени се регулира нивото на холестерол и крвниот притисок.

Остеопороза – кај остеопороза коските стануваат понежни и слаби и ризикот за скршеници, посебно на колк, се зголемува.

Уринарна инконтиненција – со губење на еластичноста на вагината и уретрата може да дојде до несакано испуштање на урина при напор и до чести уринарни инфекции. Вашиот гинеколог може да ви даде програма со вежби кои ќе ги намалат овие симптоми.

Интимни односи – во менопауза вагиналната сувост е честа, намалена е еластичноста на вагината и жената има одредени тегоби при интимен однос. Кај вагинална сувост помага користење на лубриканти на база на вода. Доколку лубрикантот не е доволен може да се проба со локална примена на естрогени во консултација со гинеколог.

Дебелина – менопаузата е период кога често се зголемува телесната тежина бидејќи се намалува метаболизмот. Потребно е да се зголеми физичката активност во овој период и да се направат одредени промени во начин на исхрана за одржување на здрава телесна тежина.