Поликлиника Мартини - Се што му е потребно на Вашето здравје, на едно место!

  • Јавете се на

    034 335 020; 071 296 515
  • Ул. Атанас Јанев 5

    2400 Струмица
  • Пон - Пет

    08:00 до 20:00

Што е тоа спирометрија и како се изведува?

Спирометрија претставува основен тест за процена на белодробната функција.  Се работи за лесна, брза,безболна и неинвазивна дијагностичка процедура. Се изведува на тој начин што пациентот вдишува и издишува низ цевка која се вика пнеумотакограф која е поврзан со апарат наречен спирометар. 6 -12 часа пред изведување на тестот пациентот се советува да не користи бронходилататори. Пациентот се седнува во удобна положба и дише полека се додека не добиеме урамнотежено дишење. Потоа  едниот крај од цевката се става во уста и цврсто се опфајќа со усните. На пациентот му се кажува да земе длабоко воздух, една секунда го држе воздухот и потоа силно и долго издишува се додека може. Ова се повторува уште двапати и спирометријата се смета за успешна доколку разултатите од трите мерења не се разликуваат повеќе од 5 %. Со помош на спирометарот се мери количината на воздух која се вдишува и издишува како и брзината со која пациентот издишува. Врз основа на овие вредности се одрдуваат  белодробните волумени ( дишен волумен, инспираторен резервен волумен, експираторен резервен волумен) и капацитети (витален капацитет, инспираторен капацитет ) како и дишните волумени во функција на времето ( форсирани експираторни волумени). Овие параметри се споредуваат со предвидените параметри за возраста, полот, висина и тежина и добиваме целосна слика за функцијата на белите дробови и евентуалните отстапувања на истата.

За што се користи спирометријата?

Спирометријата се користи при дијагностицирање на беодробни заболување( опструктивни, рестриктивни или опструктивно-рестриктивни заболувања) , за следење на текот на веќе постоечки белодробни болести како и евалуација на третманот на белодробните заболувања. Спирометријата се изведува и при систематските прегледи на работниците при утврдување на работната способност како и при проценка на белодробната функција кај спортистите.