Поликлиника Мартини - Се што му е потребно на Вашето здравје, на едно место!

  • Јавете се на

    034 335 020; 071 296 515
  • Ул. Атанас Јанев 5

    2400 Струмица
  • Пон - Пет

    08:00 до 20:00

Амбулаторно мерење на крвен притисок

Амбулаторното мерење на крвниот притисок е неинвазивен метод базиран на мобилен уред кој автоматски го регистрира крвниот притисок од 24 до 48 часа, во редовни интервали од 15 – 20 минути во текот на денот и 30 – 60 минути навечер.

Во секојдневната пракса, честопати погрешно се користи  поимот  холтер мониторинг на крвниот притисок , како резултат на аналогија со мониторинг на Холтер ЕКГ, именувана по Норман Холтер, американски физичар кој дизајнира телеметричко следење на срцевиот ритам во 1949 година.

Првиот уред за амулаторно мерење на крвниот притисок беше воведен во 1962 година. Соколов и сор во една студија објавена во 1966 година покажале поврзаност помеѓу оштетување на органите и средниот крвен притисок, измерено со 24-часовно следење.

Во последниве години, амбулаторното мерење на крвниот притисок се практикува како рутински метод за дијагностицирање на артериска хипертензија.