Поликлиника Мартини - Се што му е потребно на Вашето здравје, на едно место!

  • Јавете се на

    034 335 020; 071 296 515
  • Ул. Атанас Јанев 5

    2400 Струмица
  • Пон - Пет

    08:00 до 20:00

Rh статусот на крвната група се опишува како позитивен или негативен – ако има Rh(D) антиген е позитивна, ако нема Rh(D) антиген е негативна крвна група. Ако Rh негативна мајка зачне со Rh позитивен татко, бебето може да биде или Rh позитивно или Rh негативно. Во првата бременост нема поголема опасност, но во втората бременост има опасност после контакт на Rh позитивна крв на бебето со Rh  негативна крв на мајката кога настанува сензибилизација од Rh позитивно бебе.  После прва бременост кај Rh негативна мајка, антителата остануваат засекогаш. Битно е лекарот да биде запознаен со секоја претходна бременост, бидејќи антитела остануваат и после спонтан или сакан абортус.

Во следната бременост, после сензибилизација ако и второто бебе е Rh позитивно, мајчиниот имун систем ја препознава таквата крв и започнува да прави антитела кои ги уништуваат еритроцитите на бебето. Затоа на мајки кои се Rh негативни а родат Rh позитивно бебе, во рок од три дена се даваат анти D антитела.

Доколку мајката е позитивна а таткото е негативна крвна група, нема компликации.

Крвната група и Rh факторот се одредуваат на почеток од бременост – ако мајката е со Rh негативна крвна група се одредува и крвната група на таткото и се контролираат антителата во тек на бременост и се дава соодветна вакцина.

Вакцина со RhD антитела се дава кај Rh негативна мајка после секое породување со Rh позитивно бебе но и во тек на бременост – после било каква интервенција во тек на бременост или после пообилно крварење.

Доколку кај мајката се појават антитела и тие не растат, не доаѓа до некои посериозни проблеми. Но, ако титарот на антитела расте тогаш се прати состојбата на бебето, дали ќе развие анемија и доколку е потребно се дава интраутерина трансфузија.