Поликлиника Мартини - Се што му е потребно на Вашето здравје, на едно место!

  • Јавете се на

    034 335 020; 071 296 515
  • Ул. Атанас Јанев 5

    2400 Струмица
  • Пон - Пет

    08:00 до 20:00

Најчесто жената се сомнева во бременост кога менструацијата доцни. Постојат и други знаци кои укажуваат на бременост – често мокрење, непријатни и интензивни мириси, умор и поспаност, промена на апетит, утрински мачнини, повраќање, осетливи гради, промена на расположение.

Никој од овие знаци не е сигурен показател за бременост, но ако се присутни неколку од нив истовремено потребно е да направите тест за бременост и да посетите гинеколог.

Комерцијалните тестови за бременост се чувствителни и сигурни доколку се користат правилно. Сите се користат на ист начин – со пипета која ја има во сетот, се зема примерок од утринска урина и се капнува на посебниот дел од тестот и се чита резултатот. На секоја кутија од тестовите има упатство како се чита резултатот.

Најсигурна потврда за бременост е посетата на гинеколог, се прави преглед и ултразвук со кој се потврдува бременоста.