Поликлиника Мартини - Се што му е потребно на Вашето здравје, на едно место!

  • Јавете се на

    034 335 020; 071 296 515
  • Ул. Атанас Јанев 5

    2400 Струмица
  • Пон - Пет

    08:00 до 20:00

Ризик фактори за несакано испуштање на урина (стрес инконтиненција) се бременост и спонтано породување, тешка физичка работа, дебелина, возраст, менопауза и генетски фактори. Колку повеќе бремености и породувања толку е поголема веројатноста за појава на стрес инконтиненција. Не значи дека секоја жена која родила ќе се соочи со овој проблем и другите фактори се битни за појава на стрес инконтиненција.

Ова е чест проблем кај женската популација, меѓутоа е проблем за кој жените многу малку зборуваат. Се смета дека дури една третина од жените над 40 годишна возраст го има овој проблем.