Поликлиника Мартини - Се што му е потребно на Вашето здравје, на едно место!

  • Јавете се на

    034 335 020; 071 296 515
  • Ул. Атанас Јанев 5

    2400 Струмица
  • Пон - Пет

    08:00 до 20:00

ХПВ претставува вирус кој се пренесува преку кожа и слузокожа. Има преку 100 типови на ХПВ а околу 30 типови ја инфицираат гениталната регија кај жени и мажи и се пренесуваат преку сексуален контакт.

ХПВ е чест вирус и истражувањата покажуваат дека околу 3/4 од светската популација кои имаат сексуални односи во тек на животот ќе станат носители на вирусот. Ширењето е главно преку сексуален контакт но може да се прошири и преку допир на кожа со кожа. Најчесто луѓето кои го имаат вирусот немаат никакви симптоми.

Околу 12 типови на ХПВпредизвикуваат генитални брадавици (кондиломи) кои може да се јават на внатрешниот или надворешниот дел од гениталиите и околу пенисот. Околу 15 типови на HPV се наречени ‘’високо ризични’’ и се поврзуваат со карциноми на грлото на матката, вагината и пенисот.

За заштита од ширење на ХПВвирусот обично се советува користење на кондоми меѓутоа и тие не штитат комплетно бидејќи вирусот може да се пренесе и преку допир на генитална регија.

ХПВ типизација се користи за скрининг на карциноми на грлото на матката со и без ПАП тест.