Поликлиника Мартини - Се што му е потребно на Вашето здравје, на едно место!

  • Јавете се на

    034 335 020; 071 296 515
  • Ул. Атанас Јанев 5

    2400 Струмица
  • Пон - Пет

    08:00 до 20:00

Најчести симптоми? – чешање, печење, осетливост на слузокожа, болка при однос и густ бел секрет.

Причина? – Candida albicans. Обично е нормално присутна во флората на вагина, уста и црева но во одредени ситуации се намножува прекумерно и предизвикува симптоми.

Дали се пренесува преку сексуален контакт? – не се смета за сексуално пренослива болест но и машкиот партнер може да добие симптоми.

Дали треба да се испира вагината? – испирање на вагина треба што помалку да се прави или воопшто да не се прави. Со испирање се нарушува pH средината на вагина.

Како да се намали ризикот од појава на габична инфекција? – со носење на памучна долна облека, да не се прави испирање на вагина, чести промени на тампони и хигиенски влошки…

Лекарства кои зголемуваат ризик од појава на габични инфекции? – антибиотици, орални контрацептиви, стероиди..

Што е рекурентна габична инфекција на вагина? – четири или повеќе инфекции во една година. Најчесто ваква рекурентна инфекција се јавува кај жени со дијабет или други хронични заболувања.