Поликлиника Мартини - Се што му е потребно на Вашето здравје, на едно место!

  • Јавете се на

    034 335 020; 071 296 515
  • Ул. Атанас Јанев 5

    2400 Струмица
  • Пон - Пет

    08:00 до 20:00

 Одложување на менструација

Во период на годишни одмори или при патувања често се има потреба за одложување на менструалниот циклус. Најчесто се поставуваат прашања дали одложувањето е безбедно, здраво и дали има последици?

Одложување на менструалниот циклус е можно и ако се прави по совет од лекар нема последици, но не треба да се практикува често и на своја рака.

Терапијата која се дава за одложување на менструалниот циклус се дава само на здрави пациентки кои не се трудни и немаат хронични болести. Како терапија се користат хормонски препарати – гестагени (прогестеронски таблети) или орални контрацептиви (комбинирани естрогенско-прогестеронски таблети).

Доколку веќе користите орални контрацептиви посоветувајте се со вашиот лекар за тоа кои таблети ги користите и како да продолжите да ги земате со цел да се одложи менструалниот циклус. Жените кои не користат орални контрацептиви, по совет од лекар ќе добијат соодветна терапија со начин на користење според деновите на менструалниот циклус.

При користење на терапија за одложување на менструален циклус може да имате минливи несакани ефекти како: ‘’точкасто крварење’’, осетливост и напнатост на градите и благи болки во стомакот. Овие симптоми се минливи и се резултат на хормонската терапија која треба да ја продолжите според упатствата на вашиот лекар.