Поликлиника Мартини - Се што му е потребно на Вашето здравје, на едно место!

  • Јавете се на

    034 335 020; 071 296 515
  • Ул. Атанас Јанев 5

    2400 Струмица
  • Пон - Пет

    08:00 до 20:00

Кога да се оди на гинеколошки преглед?

Секоја жена би требало да посети гинеколог и пред да стапи во полови односи, затоа што така ќе има информации за евентуални ситуации кои би можеле да настапат во текот на односите, како да се заштитат од сексуално преносливи болести и од несакана бременост (контрацепција), но и да го провери звоето здравје. После тоа, препорачливо е посета на гинеколог барем еднаш годишно за Папаниколау брис (пап тест), вагинален секрет брис, ултразвучен гинеколошки преглед и колпоскопија.

Како да се припремите за гинеколошки преглед?

Секој гинеколошки преглед, кај жената може да предизвика страв, на кој реагира со грчење на мускулите на малата карлица и вагината, што може да донесе како последица болен преглед и страв од следен преглед. Припремата за преглед го намалува стравот и непријатноста.

Пред да одите на преглед, испразнете ја бешиката и по можност и дебелото црево, а после тоа измијте ги гениталиите. Во текот на прегледот треба да сте опуштени, затоа длабоко вдишете и издешете. Ако вагиналните мускули се опуштени, ќе биде и побрзо и полесно.

Како изгледа еден гинеколошки преглед?

Гинеколошкиот преглед се состои од преглед со шпекули (метален или пластичен инструмент), кој полека се поставува во вагината и овозможува да се видат ѕидовите и грлото на истата. Тогаш се зема вагинален брис и papanikolau брис, што е неосетно и безболно.

Потоа, се прави преглед со раце – два прста се поставуваат во вагината, а со другата рака преку стомакот се прегледува матката. Прегледот трае 3-5 минути и ако сте опуштени и припремени, не е ниту болно, ниту непријатно.

Како изгледа гинеколошки ултразвучен преглед?

За гинеколошки преглед најчесто се користи ултразвучна вагинална сонда. Обавезно треба да имате празна бешика и да се припремите исто како за гинеколошки преглед. Во вагината се поставува сонда, заштитена со презерватив и воопшто не е болно или непријатно. Прегледот може да трае 5-10 минути, во зависност од наодите.

Ако сте немале односи, или нешто не може да се види со сондата, ултразвучниот преглед може да се направи и преку стомачниот ѕид, но, за тоа е потребно да се наполни бешиката, односно, отприлика еден час пред прегледот треба да се испие 1-1,5 литри течности.