Поликлиника Мартини - Се што му е потребно на Вашето здравје, на едно место!

  • Јавете се на

    034 335 020; 071 296 515
  • Ул. Атанас Јанев 5

    2400 Струмица
  • Пон - Пет

    08:00 до 20:00

Јајниците (овариуми) се парен орган со двојна функција. Едната е ендокрина – лачат хормони, а другата е репродуктивна – создавање на фоликуларни цисти во кои созреваат јајце клетки. Поради нивната комплексна улога и функција можат да се јават различни промени на јајниците а најчести се цисти. Цисти на јајници се дијагностицираат со гинеколошки ултразвук во тек на гинеколошки преглед.

Најчести цисти на јајници се ‘’едноставни цисти’’ – исполнети со бистра содржина, јасни и рамни ивици. Овие цисти не претставуваат проблем и најчесто поминуваат и без терапија. Цисти кои имаат различни ултразвучни карактеристики од овие може да се пратат или според изгледот да се постави индикација за терапија со лекови или хируршки третман.

Доколку цистите предизвикуваат болка и сметаат во секојдневни активности како и прават пореметување на менструалниот циклус се поставува индикација за хируршки третман. Типот на хируршки третман зависи од возраста на пациентката и лабораториските анализи.