Поликлиника Мартини - Се што му е потребно на Вашето здравје, на едно место!

  • Јавете се на

    034 335 020; 071 296 515
  • Ул. Атанас Јанев 5

    2400 Струмица
  • Пон - Пет

    08:00 до 20:00

Бартолиниева жлезда е жлезда која се наоѓа на влезот од вагината и лачи секрет низ своите отвори. Овие отвори на жлездата понекогаш може да се затворат и секретот останува во каналите на Бартолиниева жлезда – стварајќи циста која може да се инфицира и да настане апсцес.

Доколку цистата не е болна обично не се третира меѓутоа ако стане болна и смета при седење и движење, дојде до покачување на телесна температура тогаш е потребна терапија.

Доколку цистата не е болна може да пробате со ладни или топли облози но доколку е инфицирана (црвена, топла и болна) потребно е да посетите гиенколог. Третманот кај гинеколог обично се состои од отварање и дренирање на содржината на цистата и давање на антибиотска терапија за дома.Доколку цистата се повторува тогаш во период кога не е инфицирана се отвара и се поставуваат неколку шавови за да го држат отворот отворен (марсупелизација).