Поликлиника Мартини - Се што му е потребно на Вашето здравје, на едно место!

  • Јавете се на

    034 335 020; 071 296 515
  • Ул. Атанас Јанев 5

    2400 Струмица
  • Пон - Пет

    08:00 до 20:00

Што претставува анализа на семена течност – спермограм?

Спермограмот претставува анализа на здравјето и вијабилноста на сперматозоидите на мажот. Семена течност се состои од сперматозоиди и останати елементи кои се ослободуваат при ејакулација. Со спермограмот се анализираат три главни елементи на семената течност:

  • Број на сперматозоиди
  • Морфологија или форма на сперматозоиди
  • Подвижност на сперматозоиди

Обично се прават 2-3 спермограми за правилно да се анализира семената течност и сперматозоидите. Спермограмот се повторува во период од 3 месеци за правилна проценка. Вредностите на спермограмот може да варираат на дневна основа и затоа проценка се прави на неколку спермограми.

Зошто се прави спермограм?

  1. Тест за машка неплодност – најчесто се прави при дијагноза и третман на брачна неплодност. Со спермограмот се открива дали причината за брачната неплодност е поради машки фактор. Доколку има проблем се анализира кои елементи од семената течност се променети.
  2. Тест за успешност после вазектомија – после вазектомија (подврзување на семени канали) се анализира дали има сперматозоиди во семената течност а со тоа се тестира успешноста на вазектомијата како метод за машка контрацепција.

Како да се подготвите за спермограм?

Вашиот доктор ќе ви објасни што треба да правите како подготовка за спермограм. За да се добијат реални и добри резултати потребно е:

          Да нема ејакулација 24 – 72 часа

          Да се избегнува алкохол, кофеин, наркотици како кокаин и марихуана најмалку 2 – 5 дена пред оставање на примерок

          Да се прекинат сите видови хербална и витаминска терапија

          Да не се зема хормонска терапија

Како се прави анализа на семена течност – спермограм?

Семената течност за анализа се добива од пациентите на неколку начини:

  • Мастурбација
  • Сексуален однос со кондом (не е препорачлив)
  • Прекинат однос пред ејакулација
  • Ејакулација стимулирана со електроди

Најчестиот начин за добивање соодветен материјал од семена течност за анализа е преку мастурбација. Материјалот потоа мора да биде на телесна температура ( 37⁰C) и да се донесе во лабораторија за анализа за 30-60 мин. Најидеално е ако материјалот се остава во просториите на самата лабораторија.

Што е добар спермограм?

Откако ќе се добие материјал од семена течност истата се анализира под микроскоп и резултатите се добиваат за 24ч. Анализата на семената течност зависи од потребата. Ако служи за тест после вазектомија тогаш се бара само присуство на сперматозоиди. Доколку се прави за испитување на неплодност тогаш се прави многу детална анализа како:

1.       Форма (морфологија) на сперматозоиди

За нормален спермограм потребно е да има повеќе од 50% со нормална форма. Ако неправилните сперматозоиди се повеќе од 50% се смета дека можноста за бременост е намалена.

2.       Подвижност на сперматозоидите

За нормален резултат, повеќе од 50% од сперматозоидите треба да се уредна подвижност. Подвижноста е битна бидејќи сперматозидите мора да патуваат до јајце клетката за да ја оплодат.

3.       pH

За нормални резултати pH треба да биде помеѓу 7,2 – 7,8. pH над 8 е знак за инфекција.

4.       Волумен

Кај нормален резултат волуменот е над 2 мл. Мал волумен на семена течност е знак за мал број на сперматозоиди кои можат да ја оплодат јајце клетката.

5.       Број на сперматозоиди

Нормален број на сперматозиди е помеѓу 15 – 200 милиони. Доколку резултатот е помал, бременост е потешко да се постигне.

6.       Изглед на семената течност

Бојата треба да биде сивкасто бела до опалесцентна. Доколку има црвени партикли тоа е знак за присуство на крв.

Што значат лоши резултати на спермограмот?

Сперматозиди кои се променети ќе имаат потешкотии да стигнат до јајце клетката и да ја оплодот со што се намалува можноста за бременост. Лоши резултати може да укажуваат на:

  • Инфертилитет
  • Инфекција
  • Дисбаланс на хормони
  • Болести како дијабет
  • Генетски проблеми

Доколку спермограмот е со лоши резултати можно е да треба да се направат дополнителни тестови, како:

  • Генетски тестови
  • Хормонски тестови
  • Анализа на урина
  • Земање примерок на ткиво од тестисите
  • Анти-спермални антитела тест

Спермограмот дава различни информации со кои ќе се одреди дали има причина за машка неплодност.