Поликлиника Мартини - Се што му е потребно на Вашето здравје, на едно место!

  • Јавете се на

    034 335 020; 071 296 515
  • Ул. Атанас Јанев 5

    2400 Струмица
  • Пон - Пет

    08:00 до 20:00

Што е артериосклероза а што атеросклероза?
Артериосклерозата е нарушување  на артериите
што доведува окрутување на истите. Нормално крвните садови се еластични но со тек на времето тие стануваат поригидни, покрути и со помал дијаметар. Задача на артериите е да ги снабдуваат ткивата со хранливи материи и кислород. При артериоисклероза капацитетот на артериите е намален па ткивата односно органите се соочуваат со недостиг на хранливи материи и кислород односно исхемија, што доведува до различни нарушувања на нивната функција.

Атеросклерозата е посебен вид артериосклероза при која на sидовите на крвните садови се депонираат маснотии, холестерол и се создаваат „плаки“ кои придонесуваат за намалување на протокот на крв низ одредени ткива. Протокот на крв на овие места може да забави, плаките може да руптурираат  и тоа да доведе до формирање на
 емболус(масно топче), и истиот може да патува низ крвните садови и да доведе до запушување на крвен сад т.н масна тромбемолија, што може да има и фатални последици.

Превенција
Превенцијата на артериосклероза подразбира здрав начин на живот – урамнотежена и здрава исхрана, избегнување на маснотии, повеќе вежбање, помалку стрес, вежбање … Се разбира, неопходни се редовни кардиолошки прегледи.