Поликлиника Мартини - Се што му е потребно на Вашето здравје, на едно место!

  • Јавете се на

    034 335 020; 071 296 515
  • Ул. Атанас Јанев 5

    2400 Струмица
  • Пон - Пет

    08:00 до 20:00

Вредностите на крвниот притисок над 140/90 mmHg представува артериска хипертензија. Во 2015 година, околу 1,13 милијарди луѓе имале артериска хипертензија, што е околу 30-45% од возрасната популација. Со возраста, хипертензијата се повеќе напредува и се проценува дека повеќе од 60% од луѓето на возраст над шеесет години се соочуваат со тоа. Како што се продолжува животниот век, се проценува дека бројот на хипертензивни луѓе на глобално ниво ќе се зголеми за 15-20% до 2025 година.

Зголемениот крвен притисок е главна причина за предвремена смрт, а смртоносни исходни болести поврзани со висок крвен притисок се најчесто исхемична срцева болест, хеморагичен и исхемичен мозочен удар.

Зголемените вредности на крвниот притисок измерени во болнички услови  или пак во домашни услови  се во зависна и континуирана врска со одредени кардиоваскуларни заболувања (хеморагичен и исхемичен церебрален инфаркт, срцев удар, ненадејна срцева смрт, срцева слабост, периферна артериска болест),  како и терминална бубрежна слабост. Постојат сè поголеми докази дека артериската хипертензија го зголемува ризикот од атријална фибрилација и дека постои поврзаност помеѓу раната појава на артериска хипертензија и когнитивно оштетување на мозокот и деменција.