Скоро секоја жена некогаш имала болки во тек на сексуален однос. Некои жени имаат постојан проблем со болки во тек на сексуален однос.
Болен сексуален однос може да биде симптом за гинеколошки проблеми како цисти на јајници, ендометриоза, промени на вулва, вагинална сувост но и проблем со сексуалноста – намалена желба за сексуални односи и неможност за сексуално возбудување.
Проблем со сексуалноста може да биде поради проблеми во врската, поради земање на одредени лекарства (антидепресиви, аналгетици) како и поради состојба на артрит, шеќерна болест, карцином и пореметена функција на штитна жлезда.
Гинеколошки проблеми кои предизвикуваат болни односи се: болести на кожа околу гениталиите, вулводинија, хормонски причини, вагинални инфекции, вагинизмус (рефлексно стегање на вагинални мускули), породување, ендометриоза.
Доколку имате болни односи потребно е да се јавите на гинеколошки преглед за да се открие причината. Терапија која можете сами да ја пробате се состои од:
– Употреба на лубриканти – има лубриканти кои се на база на вода (не предизвикуваат иритација) и силиконски (траат подолго)
– Одвојте повеќе време за опуштање
– Разговарајте со вашиот партнер за тоа кога ве боли а кога не, да може да се прилагодите
– Користете техники на опуштање – топла када или парацетамол пред сексуален однос