Поликлиника Мартини - Се што му е потребно на Вашето здравје, на едно место!

  • Јавете се на

    034 335 020; 071 296 515
  • Ул. Атанас Јанев 5

    2400 Струмица
  • Пон - Пет

    08:00 до 20:00

Фоликулометрија претставува ултразвучно пратење на растот на фоликулите – фоликулите ги содржат јајце клетките. Во тек на прегледот освен растот на фоликулите се прати и растот и дебелината на ендометриумот. Овој преглед се прави во тек на испитување за стерилитет, се прави при инсеминација, стимулација на овулација или при протокол за вонтелесно оплодување.

Фоликулометријатa обично се започнува од 10 ден на менструалниот циклус па се додека фоликулот не достигне големина од 19-21мм. Доколку циклусот е пократок или подолг се поместува и почетниот ден на следење. Фрекфенцијата на фоликулометријата зависи од брзината на раст на фоликулот кој е индивидуален. Обично фоликулот расте 2-2,5мм дневно