Поликлиника Мартини - Се што му е потребно на Вашето здравје, на едно место!

  • Јавете се на

    034 335 020; 071 296 515
  • Ул. Атанас Јанев 5

    2400 Струмица
  • Пон - Пет

    08:00 до 20:00

Колпоскопија

Колпоскопија е преглед на вагината и грлото на матката со помош на посебен микроскоп кој има зголемување за 10 – 20 пати и се прави во тек на гинеколошки преглед. Со овој преглед може подобро да се видат некои промени на грлото на матката и вагината.

Колпоскопија може да се направи во тек на секој гинеколошки преглед или кога има индикација за тоа ( промени на грлото на матката, доколку имате крварење после сексуален однос или после наод од ПАП тест за кој е потребено дополнително испитување ). Други индикации за колпоскопија се кондиломи на генитални органи, воспалителни промени на грло на матка, полипи на грлото на матката, необјаснети крварења.

Пред колпоскопија потребно е претходната вечер да не се ставаат вагиналети и да не се користат тампони.

Како се прави колпоскопијата? – самата колпоскопија е потполно безболна и трае помеѓу пет и десет минути. Започнува со поставување на вагинален спекулум и се гледа на екран дали има промени, потоа се нанесува раствор на оцетна киселина па следи нанесување Луголов раствор. При нанесувањето на овие раствори може да осетите благо пецкање. После секој раствор, грлото се гледа на екран дали има промени за кои е потребно дополнително испитување. Ако се видат промени кои се сомнителни, од тоа место се зема материјал за поставување на точна дијагноза – целна биопсија на грлото на матката.

Што е целна биопсија на грлото на матката? – се зема мал дел на ткиво со специјален инструмент и се испраќа за хистопатолошка анлиза. Биопсијата трае кратко, ќе осетите благо пецкање и има оскудно крварење. Темен исцедок може да имате неколку дена после биопсија.