Поликлиника Мартини - Се што му е потребно на Вашето здравје, на едно место!

  • Јавете се на

    034 335 020; 071 296 515
  • Ул. Атанас Јанев 5

    2400 Струмица
  • Пон - Пет

    08:00 до 20:00

Горушица или срцев удар – Како да се прави разлика помеѓу симптомите?

Горушица или враќање на киселини од желудникот во хранопроводот е резултат на олабавување на мускулот што го затвора отворот на хранопроводот. Како резултат на тоа, наместо да ја задржува желудечната киселина внатре во желудникот,  киселината  делумно или целосно оди во хранопроводот. Ова обично се случува после јадење на одредена храна, премногу кофеин и алкохол, одење во кревет веднаш после оброк или прејадување. Горушица исто така може да биде резултат на гастритис, чир на желудник или гастрична хернија, кога дел од желудникот поминува низ дијафрагмата во градите.

Обично се јавува веднаш по оброкот, во лежечка позиција или при свиткување, и се манифестира како „чувство на печење“ во градите што може да започне во стомакот и да се шири на вратот, со можна сензација на киселина во устата.

 

Понекогаш овие симптоми  тешко се разликуваат од симптомите на срцев удар. Меѓутоа, ако има ненадеен притисок, затегнатост или силна болка во средината на градите што трае подолго од неколку минути и не се намалува, не е исклучено дека се работи за срцев удар. Повеќето срцеви напади започнуваат полека, а болката се шири на грбот, вратот, долната вилица, рамената и рацете, особено левата. Тие исто така можат да бидат придружени со чувство на недостаток на здив, потење, вртоглавица и гадење. Обично се јавуваат после некој стресен период – физички или ментален.

Ако ги почувствувате овие симптоми, треба веднаш да се јавите кај вашиот лекар, особено ако претходно постоеле срцеви проблеми или ако се присутни т.н. фактори на ризик за развој на срцеви заболувања, како што се: дебелина, пушење, висок крвен притисок, висок холестерол… Навремената медицинска помош е најважна!