Што претставува интолеранцијата на храна ?
Интолеранција на храна или неподносливост на одредени намирници, претставува несоодветна реакција на имуниот систем, кој одредените намирници ( кои вообичаено се секојдневни и не се штетни ) ги препознава како штетни и создава антитела кон нив ( од ИгГ класа ), со цел одбрана на организмот. Овие комплекси од антиген- антитело слично како кај алергиите предизвикуваат воспалителна реакција во организмот. Организмот непотребно троши енергија за борба со овие алергени што доведува до хроничен замор, малаксаност и истоштеност на организмот. Кај интолеранциите најчесто е зафатен гастроинтестиналниот тракт и за разлика од алергијата симптомите се развиваат подоцна, обично после три дена од консумирањето на намирниците. Поради тоа интолеранцијата потешко се препознава за разлика од алергиите на храна кај кои реакцијата настанува непосредно по консумирањето на храната.
Симптоми за интолеранција на храна
Симптомите се различни и варираат од пациент до пациент. Најчесто интолеранцијата предизвикува:
· Абдоминални болки и грчеви
· Подуваност
· Запек/пролив
· Гадење/ повраќање
· Болки во зглобови и мускули
· Замор
· Главоболки
· Вртоглавица
· Анемија
· Егзем, акни
· Зуење во уши
· Дијабет
· Прекумерна тежина
Како се изведува тестот за интолеранција на храна?
Интолеранцијата на храна се одредува со земање на веска крв , при што се испитува дали во крвта има присутно ИгГ антитела кон одредени намирници.
Третман на интолеранција на храна
Доколку вашиот тест за интолеранција е позитивен, односно сте интолерантни кон одреден вид храна истата треба да не се косумира од 8-12 недели па се до една година или подолго во зависност од реакцијата. Неподносливоста на одреден вид на храна може да трае од 3 – 5 години.
Во поликлиника Мартини ви се достапни тестови за интолеранција на преку 90 видови на храна. Тестовите кои се користат во нашата лабораторија се прецизни, сертифицирани тестови од реномиран германски производител, калибрирани согласно стадардите на светската здравствена организација (СЗО).