Најчесто, сомневање за бременост има кога менструацијата доцни. Постојат и други знаци кои може да укажат на бременост – често мокрење, постојан умор, промена на апетит, метален вкус во уста, утрински мачнини, повраќање, осетливи и зголемени гради, промени во расположение….
Доколку имате неколку од овие симптоми, направете тест за бременост и јавете се кај вашиот лекар.
Тестовите за бременост се многу осетливи и точни ако се користат според упатствата. Скоро сите тестови се користат на ист начин – се зема дел од утринска мокрача се капнува на тестот и се чита резултатот според упатствата на кутијата од тестот.
Најдобар начин за потврдување на бременост е преглед кај гинеколог кој ќе направи биохемиски тест за бременсот и ултразвук за рана бременост.