Поликлиника Мартини - Се што му е потребно на Вашето здравје, на едно место!

  • Јавете се на

    034 335 020; 071 296 515
  • Ул. Атанас Јанев 5

    2400 Струмица
  • Пон - Пет

    08:00 до 20:00

Овулација настанува 14 дена пред наредната менструација. После овулација јајце клетката патува по јајцеводот (туба) кон матката. Ако јајце клетката не се оподи, се апсорбира и последниот ден од циклусот внатрешниот слој на матката се лушти со крварење. Ако дојде до оплодување, плодот се вгнездува во внатрешниот слој на матката и започнува да расте.

Оплодување подразбира спојување на јајце клетка и сперматозоид. Јајце клетката се ослободува со овулација а сперматозоидите се ствараат во тестисите. Во тек на сексуален однос доаѓа до ејакулација на семена течност на машкиот партнер во вагината на жената. Дел од сперматозоидите преку каналот на грлото на матката одат во матката а потоа во јајцеводите каде се спојува еден сперматозоид со јајце клетка (најчесто).

Најголем број на жени со редовни незаштитени односи остануваат бремени за една година. Сексуален однос во период на овулација ја зголемува шансата за бременост.

Постојат неколку начини за потврда на овулација. Календарски – 14 дена назад од датата на која треба да добиете менструација. Овој метод е корисен само ако имате редовен менструален циклус. Друг начин е пратење на базална температура – температурата благо се зголемува во период на овулација.

Комерцијални тестови за потврда на овулација се корисни и мерат пораст на одредени хормони.