Отстранување на кондиломи со метод на радио-бранови е ефикасно, брзо и комфорно. За отстранување на кондиломи со радио-бранови доволна е една посета на лекар.

Кондиломи –  се вирусни и заразни брадавици кои се појавуваат на гениталиите и по телото кај мажи и жени а се предизвикани од ХПВ вирус.

Најчесто кондиломите се јавуваат во предел на гениталии и околу препоните. Во почеток вирусната инфекција се манифестира како точкасто црвенило, покасно се појавуваат промени над ниво на кожа со различен изглед.

Причини за појава на кондиломи се ХПВ вирусите ( ги има повеќе од 120 типови)– најчести типови се 6, 11, 16, 18, 31, 33 и 35.

ХПВ вирусите се пренесуваат по сексуален пат и затоа кондиломите на гениталиите и по телото треба да се отстранат навремено бидејќи е можно нивно ширење.

Отстранување на кондиломите е единствен начин да се спречи нивното ширење и пренесување со полов контакт. Затоа се препорачува нивно отстранување штом се забележат.

Постојат неколку методи за отстранување на кондиломи:

  • Радио-бранови
  • Хируршка интервенција
  • Течен азот
  • Медикаментозно

Отстранувањето со радио-бранови е најефикасен метод со висок процент на излекување – 97%. Затоа во поликлиника Мартини се користи оваа метода за отстранување на кондиломи.

Отстранување на кондиломи со радио—бранови претставува:

  • Ефикасна, Комфорна, Брза, Безболна и метода која не остава лузни ка кожата.

Поликлиника Мартини го користи Proxima апаратот на радио-бранови бидејки:

  • Со една интервенција се отстрануваат сите кондиломи
  • Има ефикасност од 97% за излекување од кондиломи
  • Отстранувањето на кондиломи е брзо – интервенцијата трае неколку минути
  • Отстранувањето на кондиломи со радио-бранови е комфорно и безболно и се работи со локална анестезија.
  • Интервенцијата со радио-бранови е прецизна и минимално инвазивна – со оваа метода се избегнува оштетување на околното ткиво и создавање на лузни.
  • Поинтервенција со радио-бранови не е потребно опоравување – пациентите веднаш се враќаат на секојдневни активности.

 

 

Остави коментар