Поликлиника Мартини - Се што му е потребно на Вашето здравје, на едно место!

  • Јавете се на

    034 335 020; 071 296 515
  • Ул. Атанас Јанев 5

    2400 Струмица
  • Пон - Пет

    08:00 до 20:00
bremenica bremena zena trudnica kovid 19 korona virus

Пандемијата со Covid-19 претставува здравствен предизвик во цел свет. Секој од нас, секојдневно има грижи за своето и за здравјето на своите најблиски. Од посебен интерес се трудниците кои што се загрижени за своето здравје и за здравјето на своето неродено бебе.

Ќе пробаме да одговориме на најчесто поставуваните прашања, кои ги загрижуваат нашите пациенти.

  1. Дали трудниците имаат поголем ризик за заразување со Covid-19?

Според вирусолозите ризикот од заразување со Covid-19 кај трудници е ист како кај сите. Сепак, во бременост, телото на жената се променува и настанува физиолошко намалување на имуинитетот со што се зголемува ризикот од инфекции воопшто. Затоа бременоста ја сметаме за физиолошка имунодефициентна состојба. Ослабнувањето на имунитетот има задача да му овозможи правилен раст на бебето и да спречи абортус и други проблеми во бременост.

  1. Дали заразување со Covid-19 во бременост е со потешка форма?

Моментално нема конкретни докази за Covid-19, но инфекција со инфлуенца во бременост има потешка форма како и други инфекции на респираторен тракт предизвикани од други типови на корона вирус.

  1. Дали Covid-19 се пренесува од мајка на бебе?

Моменталните докази покажуваат дека вирусот не се пренесува од мајка на бебе. Корона вирус SARS CoV-2 не е изолоиран од амнионска течност или мајчино млеко. После породување новороденото може да се зарази од мајка со корона вирус. 

  1. Дали мајка со Covid-19 може да дои?

SARS CoV-2 не е детектиран во мајчино млеко, сепак за овој податок има мал број на студии. Мајчиното млеко е извор на имуноглобулини за новороденото, кои служат како имуна заштита на бебето од инфекции.

  1. Како да се дои ако мајката е заразена со Covid-19?

Во консултација со лекар може да се избере директен или индиректен начин на доење. При директен начин на доење мајката треба да носи маска и да ги мие рацете пред секое доење. Кај индиректен начин мајката треба редовно да се измолзува, за да се одржи лактацијата. Пред секоја манипулација со дојката и шишето за млеко, рацете треба да се мијат.

  1. Дали SARS CoV-2 е детектиран во постелката и пачаникот.

SARS CoV-2  е респираторен вирус и нема податоци дека е изолиран во постелка, папчаник и гениталните органи на мајката.