Поликлиника Мартини - Се што му е потребно на Вашето здравје, на едно место!

  • Јавете се на

    034 335 020; 071 296 515
  • Ул. Атанас Јанев 5

    2400 Струмица
  • Пон - Пет

    08:00 до 20:00

Што е ултразвук?

Ултразвукот во бременост го користи одбивањето на високо фрекфентен ултразвучен бран за да се направи слика на екранот во 2Д, 3Д и 4Д. Ултразвучните бранови кои се испуштаат од сондата доаѓаат во допир со ткиво, течност во телото или коска. При допир со нив, брановите се одбиваат и се враќаат во сондата и понатаму се преработуваат во слика. Сликите се тие што ги гледаме на екранот при преглед во бременост и ни овозможуваат на безбеден и безболен начин да го анализираме развојот на бебето пред раѓање.

Што е 2Д ултразвук?

Стандардниот 2Д ултразвук во бременост ни покажува црно-бела слика на екранот. Ваквата слика обично е незадоволителна за пациентите, бидејќи не можат убаво да добијат представа за своето бебе. Меѓутоа за лекарите што го прават прегледот е најбитна, бидејќи ни дава информации за развојот на органите кај бебето. 2Д ултразвукот е исклучително безбеден и се користи уште во рана бременост за да се потврди бременост, да се види срцева акција и да се одреди термин за раѓање.

Што е 3Д ултразвук?

Лекарите кои работат со ултразвук имаат искуство и знаење за да ги распознаваат структурите на бебињата во 2Д. Меѓутоа родителите добиваат појасна слика и представа за своето бебе со 3Д ултразвучна слика.
3Д креира слика преку земање на серија од 2Д слики во исто време и од различни агли со што се креира 3Д во три димензии. Поради големата резолуција и прегледност се добива слика од бебињата во развој, која е подетална и реална за родителите. Родителите имаат можност да го видат лицето на своето бебе за прв пат.
3Д сликата ни овозможува и анализа на внатрешните органи на бебињата во три димензии, но таквата слика повторно е црно-бела. На екранот гледаме три црно бели слики во исто време, за подетална анализа на внатрешните органи од три агли.

Што е 4Д ултразвук?

4Д ултразвук се разликува од 3Д ултразвук по тоа што ја додава четвртата димензија, а тоа е времето. Се креира видео во реално време од бебето и се гледаат неговите движења, истегнувања, отварање на устата, отварање и затварање на очите и др.

Што е разликата помеѓу 2Д, 3Д и 4Д?

2Д сликата ( црно бела слика) ни ја покажува функцијата на органите на бебињата, што е битно за следење на здравјето на бебињата.
3Д и 4Д ни прикажуваат слика од бебињата која е површинска и реална а родителите имаат можност да го видат своето бебе. За да може детално да ја анализираме функцијата на органите во 3Д, сликата на екранот повторно мора да биде црно-бела.
4Д сликата е видео во реално време во кое се гледаат движењата на бебињата.

Што е HD live ултразвук?

HD live ултразвук или погрешно наречен 5Д е иста слика како и 3Д и 4Д слика со иста технологија. 5Д не постои затоа што сеуште немаме 5-та димензија. HD live слика од бебињата е иста слика како и 3Д која се преработува преку софтвер и се добива слика од бебињата со боја на кожа, со што родителите гледаат слика од своите бебиња која е уште пореална.