Го сакаме она кое го работиме, а нашето знаење стручност и искуство се ставени во служба на нашите пациенти. Во пријатната и опуштена атмосфера, ќе ве дочека нашиот стручен и љубезен медицински персонал.
Го сакаме она кое го работиме, а нашето знаење стручност и искуство се ставени во служба на нашите пациенти. Во пријатната и опуштена атмосфера, ќе ве дочека нашиот стручен и љубезен медицински персонал.
Ако сте пациент во потрага по квалитетно здравство и професионална услуга…
Во нашата поликлиника сите работиме заедно за да создадеме синергија на професионален пристап која ќе ја воочите при првата посета.
Се радуваме на сите успеси на персоналот и се гордееме со секое признание, како едно големо Мартини семејство.
Долгогодишно специјалистичко гинеколошко-акушерско искуство
Илјадници задоволни пациенти
Стотици посети на дневната болница
Точни и прецизни лабораториски резултати
Запознајте се со нашите искусни и посветени здравствени професионалци,
подготвени да обезбедат сеопфатна и квалитетна здравствена грижа за секој пациент.
Нудиме широк спектар на здравствени услуги преку различни оддели,
секој специјализиран за одредена гранка на медицината.
Нашата амбуланта по гинекологија и акушерство е опремена по сите модерни светски медицински стандарди во областа на гинекологијата. Нудиме комплетни гинеколошки и акушерски услуги, од најосновни прегледи и тестирања до комплетно водење на бременост, испитувања и интервенции.
Во специјалистичката ординација по семејна медицина која работи во договор со Фондот за Здравство на Република Северна Македонија работат лекари специјалисти кои обезбедуваат професионален пристап и третман на пациентите, со целосна посветеност и висок квалитет на услугите. Вршиме најразлични прегледи по системи, терапии и советувања, користејќи ги последните методи и техники во светот на модерната медицина.
Во склоп на нашата поликлиника функционира и биохемиската лабораторија. Опремена е со најсовремена и најсофистицирана опрема за брзо и прецизно испитување и иследување на лабораториските анализи на крвта, урината, најразлични тестови и брисови и други услуги.
Внесете го вашиот код и мејл адреса и преземете ги вашите резултати од анализа.
ПРЕГЛЕД НА ЗДРАВО ДЕТЕ
Систематски преглед на дете до 1 година кој ги вклучува следните проблематики:
ПРЕГЛЕД НА БОЛНО ДЕТЕ
Услуги на дневна болница
Во склоп на поликлиника Мартини, покрај останатите центри и оддели, работи и центар за фетална медицина. Во центарот за фетална медицина кој е опремен со најмодерни апарати, работи стручно обучен специјалистички тим, а се користат најсовремените медицински методи и техники.
Центарот за фетална медицина ги нуди следнве услуги:
Центарот за нега на рани на пациентите им овозможува професионален третман на хронични рани од декубитуси, изгореници и дијабетично стапало со специјални хидрофибер покривки и хидроколоидни лепенки.
Третманот го извршуваат високостручни медицински сестри и лекар кој е во постојана соработка со дерматовенеролог и хирург се со цел да им се даде најдобра можна услуга на пациентите.
Третманот е достапен во амбулантски и во домашни услови.
Во центарот се вршат следниве услуги:
Постоперативни рани, декубити, венски или артериски улкуси, отворени рани во склоп на дијабетско стапало;
Третман на сите видови акутни и хронични рани со хидрофибер гази и хидроколоидни лепенки од програмата на Convatec;
Третман на рани после царски рез и после хируршки операции;
Земање мерки за профилактични, компресивни и антиемболиски чорапи за пациенти со нарушена венска циркулација и обука за нивно користење;
Земање мерки на појаси за пациенти со кила на абдоминалниот ѕид, како и постоперативно за превенција на појава на кила на оперативната рана, хируршки градници и стабилизатори за импланти по вградување на градни импланти, компресивни мидери за жени, компресивни костими, елеци, стегачи за уши, маски за лице и др;
Земање мерки за сите видови стегачи, бандажери, имобилизатори за превентивна или постоперативна примена за сите зглобови, вратот и торзото.
Користиме најсовремена технологија во третманот на рани, а клучни фактори кои ги издвојуваме за ефикасноста се типот на газите кои ги користиме и нормално вештините кои ги употребуваме.
Дневна болница во случај на потреба од дневен престој на нашите пациенти.
Неодамна воведовме и нова услуга – домашна посета!
За сите пациенти кои од одредени причини не се во можност да не посетат лично за да добијат медецинска нега во нашата поликлиника, може да не побараат и ние ќе дојдеме на домашната адреса.
Термините се во договор со нашата екипата, во согласност со вашите потреби.
Контакт: 071 296 515 / 034 335 020
Услуги кои ви ги нудиме се:
Како дел од целото, на располагање ја имате и нашата аптека, со висок степен на снабденост на сите видови на лекови и широка палета на различни производи во делот на суплементи, витамински додатоци, чаеви, помагала и друго. Покрај стандардните производи од широка потрошувачка, будиме и премиум производи со ексклузивно застапништво.
Естетската гинекологија претставува гранка на медицината која се фокусира на подобрување на изгледот и функционалноста на женските гениталии. Оваа модерна и иновативна дисциплина се стреми кон решавање на различни естетски и функционални проблеми што можат да влијаат на самодовербата, сексуалната задоволство и квалитетот на животот на жената.
Остеодензитометријата претставува метода со која ја мериме минералната коскена густина односно квантитетот на коските.
Снимањето трае кратко, неинвазивно е и безболно.
Гинеколошка лапароскопија – алтернатива на отворена хирургија.
Се користи мала камера (лапароскоп) за да може да се видат органите во карлица.
Електрокаутерот Proxima претставува напреден медицински апарат кој обезбедува прецизни и ефикасни решенија за широк спектар на хируршки процедури.