Жолтица, хипербилирубинемија кај бебе и примена на фототерапија

Новороденечка жолтица е состојба која се карактеризира со покачено ниво на билирубин во крвта (хипербилирубинемија), која се манифестира со жолта пребоеност на кожата и склерите односно на  белките на очите и претставува една од најчестите состојби во новороденечкиот период. Жолтицата може да се забележи за време на првата недела од животот кај приближно 60% од навреме родените новороденчиња и кај 80% од предвреме родените новороденчиња. Кај 90% од нив е физиолошка жолтица, а само 10% може да биде патолошка и да предизвика сериозни последици, кои можат да бидат и фатални.

Како последица од хипербилирубинемија(жолтица), билирубинот може да се наталожи во мозочните базални гаглии и да доведе до керниктерус, оштетување на слухот, дистонична церебрална парализа, иритабилност, низок IQ итн.

Поради тоа секоја жолтица треба да биде евалуирана од педијатар!!!

Билирубинот се продуцира како резултат на зголемен  волумен и  распаѓање на еритроцитите чиј животен век е скратен и билирубинот се создава три пати повеќе отколку кај возрасен човек. Црниот дроб е незрел кај новородено бебе ибилирубинот побавно се метаболизира, обработува и бавно се исфрла во дигестивниот тракт. Како резултат на тоа се покачува нивото на билирубинот во крвта и ја дава жолтата пребоеност на кожата и склерите. Тоа е т.н. физиолошка жолтица која вообичаено почнува од 3 ден и трае максимум 7-8 ден, кај предвремено родените деца може да се јави и порано, таа е поинтензивна и да трае подолго , до две недели. Патолошка жолтица се јавува во првите 24 часа и се нарекува пролонгирана доколку трае подолго од 2 недели, а причините можат да бидат:Rh и АБО инкомпатибилија, еритроцитни ензимски дефекти, еритроцитни структурни дефекти, инфекции, вродени болести (хипотиреоидизам, пилорна стеноза,ануларен панкреас. Gilbert Sy. ,Crigler Najjar Sy, Lucey Driscoll Sy…).

Физиолошката жолтица може да се појави кај новородени кои се хранети исклучиво со мајчино млеко, а потоа  спонтано се повлекува. Кај деца со пад во телесна тежина поради дехидратација неправилна адаптација и неправилно хранење.

Фактори кои можат да ја влошат физиолошката жолтица сенедоносеност, неправилно хранење, доење, секвестрација на крв (породилни трауми-ехимози, хематоми, кефалхематоми) полицитемија, задоцнета пасажа на мекониум, припадност на одредена етничка група (жолта раса).

Дијагноза на жолтица се поставува со добро земена анамнеза, клинички наод на иктерична (жолта) пребоеност на кожата и склерите, транскутана билинометрија(BilliChek)– неиванзивна метода преку кожа со апарат се одредува нивото на билирубин, како и лабараториски со серумско одредување на билирубинот.

Терапија и третман на физиолошка жолтица е: правилно хранење и хидрација,фототерапија и во краен случај ексанвинотрансфузија! Поликлиника Мартини поседува соодветна апаратура и лабораторија за брзо мерење на нивото на билирубин и лекување на состојбата ,,Жолтица” (Хипербилирубинемија) со ултра модерна ламба за фототерапија. Го скратува времето на лекување и изложувањето на интрахоспитални инфекции (болнички инфекции) или целодневна хоспитализација.

Практики за прием на пациенти

Без потреба од закажување

Нашите лабораториски услуги вклучуваат прием на пациенти без претходно закажување. Ова ви овозможува да добиете здравствена грижа без да имате потреба од претходно закажување. Не е потребно планирање—едноставно дојдете, и нашиот тим во Мартини лабораторијата ќе биде подготвен да ви помогне.

Лиценцирани професионалци

Имаме медицински тим се состои од лиценцирани лекари и медицински сестри и техничари посветени да ви обезбедат висококвалитетна нега. Можете да се потпрете на нивната стручност и посветеност за вашето здравје и благосостојба.

Целосна покриеност

Одделите во Поликлиника Мартини ќе ви овозможат со едно доаѓање да ги завршите сите предвидени медицински процедури.

Број за контакт 071 296 515

Или контактирајте со нас преку формуларот за е-пошта подолу

Ќе ве контактираме за еден работен ден.