Срцев удар

Срцев удар

Срцев удар
Срцев удар или миокарден инфаркт се јавува кога тромб го блокира протокот на крв низ коронарните артерии, кои имаат улога-хранење на срцевиот мускул. Прекинот на протокот на крв може да оштети или уништи дел од срцевиот мускул. Срцев удар е состојба која бара итна медицинска помош!

Кои се причините за срцев удар?
Главните ризик фактори за срцев удар вклучуваат: артериосклероза, висок крвен притисок, холестерол, стрес, дебелина, дијабетес и секако нездрава исхрана.

Кои се симптомите?
Најчестите симптоми на срцев удар се:
* Притисок, стегање и болка во градите или рацете, кои може да се прошират на вратот, вилицата и грбот.
* Чувство на прејаденост,гадење, подригнување  или болки во стомакот.
* Забрзано дишење
* Потење или ладна пот
* Вознемиреност
* Замор
* Вртоглавица

Меѓутоа, сите луѓе немаат  исти симптоми или пак не ги чувствуваат во иста мера. Болката може да биде подолга, но може да трае само неколку минути.

Како се третира?
Третманот на срцев удар зависи од сериозноста на срцевиот удар и предизвиканата штета. По темелно испитување и врз основа на ЕКГ, лекарот проценува дали ќе се стентира( поставување на стент – кој го проширува крвниот сад на местото на блокадата) или се пристапува со бајпас( отворена операција на срце  как која делот од запушениот крвен сад се отстранува ) или комбинација од двете

Како да спречите срцев удар?
Не постои формула што сигурно ќе го спречи појавувањето на срцев удар, меѓутоа, придржувајќи се на правила за здраво живеење,  во голема мерка се намалува ризикот за срцев удар.

  • Прекин на пушењето
  • Одржување на телесната тежина во нормала
  • Редовна контрола на шеќерот во крвта
  • Одржување на крвниот притисок под контрола
  • Намалување на нивото на холестерол
  • Редовни физички активности
  • Конзумирање на здрава исхрана
  • Редовни превентивни прегледи

Практики за прием на пациенти

Без потреба од закажување

Нашите лабораториски услуги вклучуваат прием на пациенти без претходно закажување. Ова ви овозможува да добиете здравствена грижа без да имате потреба од претходно закажување. Не е потребно планирање—едноставно дојдете, и нашиот тим во Мартини лабораторијата ќе биде подготвен да ви помогне.

Лиценцирани професионалци

Имаме медицински тим се состои од лиценцирани лекари и медицински сестри и техничари посветени да ви обезбедат висококвалитетна нега. Можете да се потпрете на нивната стручност и посветеност за вашето здравје и благосостојба.

Целосна покриеност

Одделите во Поликлиника Мартини ќе ви овозможат со едно доаѓање да ги завршите сите предвидени медицински процедури.

Број за контакт 071 296 515

Или контактирајте со нас преку формуларот за е-пошта подолу

Ќе ве контактираме за еден работен ден.