Перименопауза е период од неколку години пред менопауза и најчесто започнува околу 40 годишна возраст. Во тек на перименопауза нивото на женски хормони се намалува.
Перименопаузата обично трае околу четири години, но тоа е индивидуално. Постменопуаза е периодот после менопауза и е дел од перименопаузата.
Најчести симптоми на перименопауза се топли бранови, осетливост на дојки, влошени симптоми на предменструален синдром, намалено либидо, нередовна менструација, вагинална сувост, несакано испуштање на урина при напор, промени на расположение, несоница.
Доколку во овој период менструациите станат обилни и се појават интерменструални крварења потребно е да се јавите на лекар.
Перименопаузата се дијагностицира со клинички преглед и со хормонски статус.
Симптомите на перименопауза се третираат со орални контрацептиви доколку се премногу изразени. Вагиналната сувост се третира со локална примена на естрогени. Доколку има потреба се даваат и антидепресиви, Витамин Д и Калциум.