Што е тоа младеж?
Младежите претставуваат многу честа промена на кожата на телото. Тие најчесто се во форма на мали, темно кафеави промени со тркалезна форма. Тие се формираат од плажи на групирани пигментни клетки, меланоцити. Повеќето младежи се појавуваат за време на детството и адолесценцијата. Повеќето луѓе имаат помеѓу 10 и 40 младежи, од кои некои може да избледат или да се променат со текот на времето.
Повеќето младежи се бенигни по природа, ретко тие самите стануваат малигни. На самиот почеток, некои од карциномите на кожата можат да изгледаат многу слично на младежите, така што нивното редовно испитување е исклучително важен чекор во раното откривање на карциномот на кожата.
Медицинското име за младежи е невус. Невусите обично се мали промени во вид на темна точка, но тие често можат да бидат со различни големини, бои, текстури и форми. Може да се појават на кој било дел од телото, вклучително и влакнестиот дел од главата, на плочата на ноктите, помеѓу прстите и на прстите. Повеќето младежи се појавуваат пред 50-годишна возраст. Хормонални промени во адолесценцијата и бременоста може да предизвикаат промени во бојата и големината на младежите.
Како да го препознаете изменетиот изглед на младежот?
Водичот ABCDE може да помогне кај изменети младежи, односно да утврдите дали имате потреба да посетите дерматолог
– А – асиметричен облик на младежот.
– Б – border (граница) – ако рабовите се неправилни или заматени.
– C – colour (боја) – промени во бојата на младежот .
– Д – diametar – промени во дијаметарот на младежот.
– Е – evolving (се променува) – секоја промена во големината, бојата, формата, како и појава на црвенило, чешање, трнење или крварење.
Кои се факторите на ризик за појава на меланом?
Некои луѓе имаат поголем ризик некои од нивните младежи да се претворат во меланом. Фактори кои вклучуваат зголемен ризик од меланом се:
– Вродени невуси – присуство на младежи со поголем дијаметар при раѓање или наскоро по раѓањето.
– Диспластични младежи- претставуваат присуство на атипични невуси на кожата, кои се асиметрични по форма, структура и боја. Овој вид на младеж може да се наследи.
– Голем број невуси – луѓе со повеќе од 50 младежи.
– Позитивна лична или семејна историја на меланом – луѓе кои претходно биле третирани за меланом или кои имаат член на семејство кој има меланом.
Која е превенцијата за малигни тумори на кожата?
Превенцијата за малигни тумори на кожата вклучува:
– Самоиспитување на кожата – еднаш месечно или еднаш на два месеци, прегледајте го целото тело од глава до пети, вклучувајќи го и пределот на гениталиите, рацете, стапалата, пред огледало, за да забележите промени во веќе постојните младежи и дали има појава на нови младежи.
– Комплетен преглед на кожата и видливите мукозни мембрани – од страна на дерматологот еднаш годишно или еднаш на секои две години, доколку нема промени за кои е потребно почесто следење.
– Заштита од сонце – Соодветна заштита на кожата од УВ зрачење како што се сонцето и солариумите. УВ зрачењето е доведено во директена врска со развојот на меланом. Неопходно е да се избегне сонцето во периоди од годината кога УВ зрачењето е големо, помеѓу 10 и 16 часот, редовна и соодветна примена на креми со заштитен фактор половина час пред да заминете на отворено и после два часа престој на отворено. Кремовите треба да имаат висок фактор на заштита на пр. спф+30. Потребно е почесто да го нанесувате кремот со заштитен фактор за да имате соодветна заштита ако се потите или пливате.
– Заштита со облека – Носете маици со долги ракави, очила за сонце, капи.
– Избегнување на солариуми – солариумите испуштаат УВ зраци, што доведува до зголемен ризик од карцином на кожата.
Како се поставува дијагнозата за карцином или меланом на кожата?
Дијагноза се поставува од страна на дерматолог и / или пластичен хирург со клинички преглед на целата кожа и видливи мукозни мембрани и, доколку е потребно, со дермоскопски преглед на одделни младежи.
Доколку постои сомневање за карцином на кожата, можно е да се изврши биопсија и / или хируршка ексцизија на промената со патохистолошка анализа за да се потврди или исклучи дијагнозата.
Терапија на младежи
Во повеќето случаи, терапија кај младежите не се препорачува доколку се клинички и дермоскопски, без патолошки промени.