Алергија

Алергија

Што е тоа алергија?

Алергијата претставува претерана, несоодветна, неспецифична реакција на организмот на надворешен стимул кој вообичаено не е штетен за организмот(на пр: одредена храна, полен, прашина). Супстанците кои предизвикуваат алергија се нарекуваат АЛЕРГЕНИ.

Алергиската реакција се одвива во две фази:

·         ПРВА ФАЗА – ФАЗА НА СЕНЗИБИЛИЗАЦИЈА – оваа фаза се случува кога организмот прв пат доаѓа во контакт со алергенот. При овој контаткт нашиот имун систем се запознава со алергенот и создава протеини наречени антитела (ИгЕ антитела) специфични за алергенот чијашто улога е да се врзат за алергенот и истиот да го неутрализираат, со цел одбрана на организмот. Обично при оваа фаза не доаѓа до алергиска реакција

·         ВТОРА ФАЗА – АЛЕРГИСКА РЕАКЦИЈА – При повторен контаккт на организмот со алергенот, претходно создадените ИгЕ антитела се врзуваат за алергенот и тој комплекс т.н  антиген-антитело комплекс предизвикува ослободување на про-инфламаторни супстанци од мастоцитите (клетки од имуниот ситем ). Про- инфламаторните супстанци меѓу кои се наоѓа и хистаминот предизвикуваат воспалителна реакција – контракција на мазните мускули а со тоа и стеснување на дишните патишта, вазодилатација –  зголемена пропустливост на крвните садови што  доведува до насобирање на течност во ткивата односно создавање на оток, чешање и црвенило на кожата.

Кои се симптомите на алергија?

Симптомите варираат од лесни до тешки. Може да бидат локализирани на одреден дел од телото или да бидат системски т.е да зафајќаат повеќе органи или органски системи. Најчести симптоми се :

·         Кивање

·         Чешање и солзење на очи

·         Зголемена секреција од носот

·         Црвенило и чешање на кожа

·         Оток

·         Отежнато дишење, зарипнат глас

·         Мачнина, повраќање

·         Малаксаност, слабост

АНАФИЛАКТИЧКИОТ ШОК претставува најтежок и најопасен облик на алергиска реакција која може да биде живото загрозувачка и бара итна медицинска помош.

Видови на алергија

·         Алергии на храна – најчесто кај деца со генетска предиспозиција за развој на алергиски реакции.

·         Алергии на лекови – пеницилински и сулфонамидски антибиотици, анестетици, аналгетици.

·         Алергија на животински влакна и домашна прашина

·         Алергија на полен

·         Алергија на убод на инсекти

Третман

·         Антихистаминици – го блокираат хистаминот што се ослободува при алергиската реакција а со тоа и неговите ефекти, однодно ги ублажуваат алергиските симптоми

·         Кортикостероиди – го намалуваат имуниот одговор и гу ублажуваат симптомите, но заради нивните несакани дејства мора да се користат многу внимателно и по препорака на лекар.

·         ХИПОСЕНЗИБИЛИЗАЦИЈА ИЛИ ДЕСЕНЗИБИЛИЗАЦИЈА  претставува нова метода за третман на алергија  при која мали количини на алергени се вбризгуваат поткожно со цел имуниот систем да стане толерантен кон одредениот алерген.

Практики за прием на пациенти

Без потреба од закажување

Нашите лабораториски услуги вклучуваат прием на пациенти без претходно закажување. Ова ви овозможува да добиете здравствена грижа без да имате потреба од претходно закажување. Не е потребно планирање—едноставно дојдете, и нашиот тим во Мартини лабораторијата ќе биде подготвен да ви помогне.

Лиценцирани професионалци

Имаме медицински тим се состои од лиценцирани лекари и медицински сестри и техничари посветени да ви обезбедат висококвалитетна нега. Можете да се потпрете на нивната стручност и посветеност за вашето здравје и благосостојба.

Целосна покриеност

Одделите во Поликлиника Мартини ќе ви овозможат со едно доаѓање да ги завршите сите предвидени медицински процедури.

Број за контакт 071 296 515

Или контактирајте со нас преку формуларот за е-пошта подолу

Ќе ве контактираме за еден работен ден.