Хиперактивна бешика е состојба кога постои честа потреба за мокрење и губење на контрола над бешиката – мускулите на бешика се стегаат премногу често, дури и во ситуација кога не е полна. Мозокот од бешика поради честите стегања добива сигнал дека постои потреба за мокрење и се ствара нагон за мокрење.
Во тек на денот обично се мокри 6 или 7 пати, во зависност од внесената количина на течности. Нагон за мокрење се создава кога мозокот добива сигнал дека бешика е полна – кога во бешика има околу 200-250мл.
Кај хиперактивна бешика потреба за мокрење се има околу 20 пати на ден а се мокри сосем мала количина.
Оваа пореметување води кон пореметување на нормален ритам на живот, емотивни промени, депресии, несоници…..
Кај оваа состојба мора да се испита дали постои некоја уринарна инфекција, уродинамски испитувања, невролошки и уро-гинеколошки тестови после кои се ординира соодветен третман.
Терапијата опфаќа – Кегелови вежби, намалување на телесна тежина, промени во начин на живот – мокрење според одреден распоред, тренинг на бешика и избегнување на иританси и одредени лекови. Понекогаш се дава и третман со ботокс.