Поликлиника Мартини со препораки за доењето и важноста на мајчиното млеко
- Мајчиното млеко е најсоодветна храна заедно новородено и доенче, бидејќи ги задоволува неговите високи енергетски и нутритивни потреби и е најдобро прилагодено на неговиот дигестивен тракт и бубрезите.
- Доењето не е самохранење туку комплексна интерперсонална комуникација во која мајката и доенчето учествуваат соматски, сензитивно, емотивно и интелектуално. Тоа е првата социјализација на детето.
- Компаративните студии и медицината базирана на докази, покажуваат дека МАЈЧИНОТО МЛЕКО ИМА АПСОЛУТНА ПРЕДНОСТ вооднос на адаптираните млечни формули.
- Децата кои се доени имаат помал морбитет и морталитет вооднос на оние кои не се доени.
- ЕКСКЛУЗИВНО доење се препорачува во првите ШЕСТ МЕСЕЦИ од животот!
- ПРЕДНОСТИ НА МАЈЧИНОТО МЛЕКО:
- соодветна температура;
- бактериолошка исправност;
- идеален квантитативен и квалитативен сооднос на: јагленихидрати, масти, протеини, минерали и витамини;
- висока био искористливост на протеините;
- одлична дигестибилност;
- исклучена можност од интолеранција;
- колонизација соLactobacilusbifidus-флора
- помала можност за инфекции кај доенчето
- подобрена когнитивна функција;
- стимулација на мајчинството;
- Како доењето влијае врз здравјето на мајката?
- намалено постпартално крварење;
- олеснета загуба на тежината после породувањето;
- подобрена реминерализација;
- помалку карциноми на овариуми и дојка;
- економски предности;
- ПОЛИКЛИНИКА МАРТИНИ ГО ПРОМОВИРА И ПОДДРЖУВА ДОЕЊЕТО, а мајките добиваат:
- пренатална и постнатална едукација за доење;
- совети за техника на доење;
- совети за антирефлукс мерки.
Спец. Д-р Марина Николовска, педијатар